ЕЛЕМ ќе се докапитализира од странски инвеститор!

Bez autora
Jan 30 2012

Електрани на Македонија нема да се приватизираат, односно делови од компанијата и акции нема да се продаваат на стратешки инвеститор. Компанијата ќе се докапитализира преку влез на приватен капитал и нови инвестиции, при што капиталната вредност на ЕЛЕМ треба значително да се зголеми. Проектот докапитализација претставува влез на приватен капитал во Електрани на Македонија преку зголемување на неговата капитална вредност. Не станува збор за продажба на дел од компанијата, ниту пак продажба на дел од акциите, туку станува збор за привлекување на странски капитал, којшто би инвестирал во делови што се приоритетни за ЕЛЕМ и со тоа би ја зголемил капиталната вредност на компанијата, а на тој начин оној што би ги инвестирал тие средства би добил дел од целокупното капитално портфолио на компанијата.

ЕЛЕМ ќе се докапитализира од странски инвеститор!Електрани на Македонија нема да се приватизираат, односно делови од компанијата и акции нема да се продаваат на стратешки инвеститор.

Компанијата ќе се докапитализира преку влез на приватен капитал и нови инвестиции, при што капиталната вредност на ЕЛЕМ треба значително да се зголеми.

Како што објаснува Влатко Чингоски, генерален директор на ЕЛЕМ, проектот докапитализација претставува влез на приватен капитал во Електрани на Македонија преку зголемување на неговата капитална вредност.

- Не станува збор за продажба на дел од компанијата, ниту пак продажба на дел од акциите, туку станува збор за привлекување на странски капитал, којшто би инвестирал во делови што се приоритетни за ЕЛЕМ и со тоа би ја зголемил капиталната вредност на компанијата, а на тој начин оној што би ги инвестирал тие средства би добил дел од целокупното капитално портфолио на компанијата - вели Чингоски.

Тој појаснува дека ако во моментот вредноста на компанијата, да речеме, изнесува милијарда евра (сметководствената вредност во моментов на ЕЛЕМ е 600 милиони евра) треба да се изнајде таков стратешки партнер кој е подготвен да инвестира 990 милиони евра во објекти коишто се значајни за производство на електрична енергија. Дали тоа ќе биде изградба на нови хидроцентрали, термоелектрани, гасни електрани, одобрувањето на бизнисот може да донесе вредноста на Електрани од една милијарда во одреден број на години да порасне на 2 милијарди. Во тие 2 милијарди 51 процент ќе задржи државата, а 49 ќе останат на инвеститорот. Чингоски вели дека Владата смета дека вредноста на докапитализацијата е максимум до 49 проценти од вредноста на компанијата.

- Не би се одело кон давање на мнозинскиот пакет на странскиот или домашниот инвеститор - дециден е Чингоски.

Во моментов се проценува книговодствената вредност на компанијата, по што информацијата ќе се достави до Владата, којашто ќе ја разгледа и ќе утврди дали ќе ја прифати. Според едниот модел може да се објави оглас за пет или шест проекти, кои се приоритетни за ЕЛЕМ, коишто вредат на пример една милијарда евра и кој е подготвен во рок од пет или шест години да ги реализира овие проекти да добива количина на акции од новата компанија. Или, пак, да се инвестира одеднаш една милијарда евра на Владата и со свои проекти таа да ја стави во функција на ЕЛЕМ и повторно да се зголеми капиталот на компанијата.

- Тоа значи дека нема да се продава нешто што веќе е направено, сакаме да се формира нешто ново, коешто ќе ја зголеми економската вредност на компанијата, зголемување на макроекономските прилики, зголемување на производството, можност за излез на други пазари во регионот и надвор од него. Ваква докапитализација се користеше во Чешка и Полска - објаснува Чингоски.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik